сабота, 23 август 2014  |  Вести денес: 0

Пожар во манастирот Трескавец во Прилеп

Портпаролот на Центарот за управување со кризи во Прилеп, Влатко Котески, изјави дека монахот од манастирот пријавил дека избувнал пожар.

Огнената стихија, според него е голема и со неа е зафатен голем дел од манастирот.

Информацијата ја потврдуваат и во прилепската противпожарна единица, каде се организираат за интервенција.

Центарот за управување со кризи во Прилеп упатува апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комлекс.

Маркетинг

Нема коментари.

Додади нов коментар