понеделник, 21 август 4119  |  Вести денес: 0

Корисниците на социјална парична помош од Куманово да ги обноват документите

Сите корисници на социјална парична помош имаат обврска согласно Законот за социјална заштита да извршат обнова на документите од 1 до 30 ноември годинава, информираат од кумановскиот Центар за социјални работи.

socijalno-kumanovo

Со обновата, како што објаснуваат од Центарот, корисниците ќе ја потврдат материјалната и бројната состојба на нивното семејство.

- Корисниците ќе треба да дојдат во просториите на центарот и формално да поднесат барање за продолжување на користењето на правото, при што ќе имаат обврска да приложат важечки документ за идентификација за подносителот и за возрасните членови на семејството, вели раководителот на Центарот за социјални работи Куманово, Даниел Живачки.

Со стапување на сила на Законот за размена на информации по службена должност,информираат од Центарот, постапката за обнова е мошне скратена, така што корисниците нема да имаат потреба да ја бараат потребната документација во останати институции,како што УЈП,МВР.

Според податоците на Центарот за социјални работи Куманово за септември оваа година социјална парична помош користеле 3.864 корисници од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Корисниците од општина Липково имаат можност обновата на документите да ја извршат во дисперзираното одделение на Центарот за социјални работи во таа општина.

Маркетинг

Нема коментари.

Додади нов коментар